ПОВЕЌЕ

    Турција во април имаше најголем извоз во историјата 

    Време зa читање: 2 минути

    Министерот за трговија на Република Турција, Мехмет Мус, изјви дека во април оваа година земјата остварила извоз вреден 18,8 милијарди долари, што претставува раст од 109 проценти, и е воедно најголем априлски извоз во историјата. Мус во Анкара изјави дека Турција успеала да постигне голем пораст на извозот во април и дека турскиот извоз се искачи над нивото на кое беше пред пандемијата КОВИД-19.

    „Во споредба со податоците од 2019 година, во април постигнавме зголемување на извозот за 22,3 проценти. „Со тоа го зголемивме извозот над нивото на пред-пандемијата“, рече Мус.

    Турција во април увезе и 21,9 милијарди долари, што е за 61,4 проценти повеќе од април минатата година.

    „Дефицитот на надворешната трговија на Турција во април е намален за 31,9 проценти во споредба со дефицитот во април 2020 година, односно е намален од 4,6 милијарди на 3,1 милијарди долари“, рече Мус.

    Тој најави продолжување на спроведувањето на среднорочната програма за континуиран раст на изворите и намалување на надворешно-трговскиот дефицит и додаде дека ќе продолжи со интензивните посети на турските производители во наредниот период.

    „Дојде време да се разговара за зголемување на годишниот извоз на Турција на над 200 милијарди долари“, рече турскиот министер Мус.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично