ПОВЕЌЕ

    Министерот Алиу ќе ја претставува Македонија на најголемиот фестивал на авијација и технологија во Турција

    Време зa читање: 2 минути

    Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, е во официјална посета во Турција, каде учествува на најголемиот фестивал за воздухопловство и технологија во Турција „ТЕКНОФЕСТ“.

    Фестивалот оваа година се одржува на аеродромот Етимесгут во Анкара, а целта на организирањето на ваков фестивал е да се разбуди интерес и да се зголеми свеста за прашањата на аеронаутиката, вселената и технологијата.

    „Нашето учество овде денес означува важен чекор кон поттикнувањето на соработката со иновативниот екосистем во Република Турција, но и пошироко, имајќи предвид дека денес овде имаме познати меѓународни компании од светот на технологијата и иновациите“, изјави министерот Алиу.

    Инаку, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, е првиот министер кој направи важен чекор развивајќи ги работите за создавање на “Агенцијата за дигитализација” во Република Македонија.

    Оваа Агенција ќе служи како главна и одговорна институција за спроведување и координација на дигиталната трансформација во земјата.

    Овој уникатен модел кој e дизајниран да ја имплементира дигиталната инфраструктура во државата, се признава како уникатен пристап, кој предизвика значаен интерес кај високо развиените земји во Европа и пошироко.

    По многу билатерални средби, министерот Алиу е поканет да го претстави концептот за дигитализација на јавните услуги во Република Македонија во повеќе земји во Европа и пошироко.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично