ПОВЕЌЕ

    Туџарова-Трајковска продаде пет акции од „Реплек“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Славица Туџарова-Трајковска, акционер со над пет проценти, продаде пет акции од скопски „Реплек“ АД. По оваа трансакција таа поседува 2.715 акции. Што претставува 10,47 отсто од вкупниот број акции.

    За промената известија од компанијата преку ценовно чувствителна информација објавена на Македонска берза.

    Туџарова-Трајковска повремено се јавува како продавач на акциите на „Реплек“. Според берзанските податоци, во јули тоа го направила во два наврати, кога продала 34, односно осум акции.

    Најчесто како купувачи се јавуваат претседателот на Управниот одбор на „Реплек“, Душан Пецаковски, и Владимир Пецовски, кој исто така е акционер во чија сопственост се повеќе од пет проценти од акциите на компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично