ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка започна со исплата на паричните права од социјална и детска заштита

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК банка ги известува своите ценети клиенти дека од 5.10.2020 година (понеделник) ТТК Банка АД Скопје започна со исплата на паричните права од социјална и детска заштита за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

    Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 5.10.2020 г. (понеделник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од корона вирусот, исплатата ќе се врши во периодот од 5.10.2020 г. (понеделник) до 7.10.2020 г. (среда) во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

    • 5-ти октомври (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
    • 6-ти октомври (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
    • 7-ми октомври (среда) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Апелираме корисниците коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред и при нивната посета на филијалите и експозитурите да пополнат барање за изработка на дебитна картичка со што ќе имаат лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време.

    Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично