ТТК Банка АД Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Соработник за клиенти – население во eкспозитура Кичево
Потребни квалификации и способности:
- Високо стручно образование од областа на економијата;
- Работно искуство во банка и познавање албански јазик ќе се сметаат за предност;
- Продажни и промотивни вештини;
- Ориентираност кон клиенти;
- Комуникациски и организациски вештини;
- Способност за тимска работа;
- Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола „Б“ категорија;
- Познавање англиски јазик и работа со компјутери.
Краток опис на работно место:
- Планирање, организирање и превземање активности поврзани со продажба на производи и услуги на клиенти – физички лица;
- Посета на клиенти заради промоција и продажба на производите и услугите на Банката;
- Подготовка и разгледување предлози за одобрување на кредитните барања и достава на барања на кредити за физички лица кон погорните нивоа на одлучување;
- Следење, контрола и организирање наплата на сите достасани обврски од клиентите – физички лица.
Работно време:
- 40-часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на експозитурата.
Останати информации:
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование како и копија од други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 20.11.2020 година, со назнака: „Апликација за Соработник за клиенти – население во експозитура Кичево“ на следната адреса за е-пошта: [email protected].
Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.