ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка АД Скопје со понуда за примателите на плата и пензија во Еуростандард Банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје овозможи понуда со којашто излегува пресрет на финансиските потреби на корисниците, приматели на плата или пензија во Еуростандард Банка АД Скопје.

    Понудата се однесува на сите бонитетни корисници кои се класифицирани во ризична категорија А или Б, односно кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ.

    Корисниците кои се во редовен работен однос, кои ќе отворат трансакциска сметка и ќе ја пренасочат платата на сметка преку ТТК Банка АД Скопје можат да аплицираат за дозволено пречекорување во износ до 3 (три) месечни плати, додека примателите на пензија (од ПИОМ) до 1 (една) пензија или до 2 (две) пензии со дополнително обезбедување жирант кој  е во редовен работен однос. За приматели на паричен надомест до пензионирање по основ на технолошки вишок се одобрува износ на пречекорување до 2 (две) месечни плати.

    Постапката за отворање трансакциска сметка е брза и едноставна, со приложување важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), во која било филијала или експозитура на ТТК Банка АД Скопје.

    Во случај на аплицирање за дозволено пречекорување на сметка, процедурата е исто така едноставна, а паричните средства се веднаш на располагање на корисниците.

    Корисниците кои не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата на филијалата/експозитурата за да поднесат барање за изработка на дебитна картичка поврзана со отворената сметка, без членарина. На тој начин, средствата на корисниците ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа и корисниците ќе имаат можност за подигнување на средствата од банкомат.

    За поголема едноставност во плаќањето и увид во состојбата на сметка, аплицирање за кредит или орочување средства, во секое време на располагање на корисниците се електронското банкарство TTK Е-bank и мобилното банкарство TTK M-bank, без трошоци за активирање и користење, со ниски провизии за плаќање.

    Примателите на плата/пензија во ТТК Банка АД Скопје имаат можност да користат низа поволности и поповолни каматни стапки на потрошувачките и станбените кредити и без надоместок за одобрување за кредитите со животно осигурување во промотивниот период до 30.9.2020 година, без надоместок за администрирање и без надоместок за предвремена отплата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично