ПОВЕЌЕ

    TTK м-банка бесплатна мобилна апликација за мобилно банкарство

    Време зa читање: 4 минути

    Преземете ја бесплатната мобилна апликација ТТК м-банка на ТТК Банка АД Скопје, брзо и едноставно, на вашиот мобилен телефон или таблет и имајте електронско банкарство во „од“ секаде и секогаш со вас.

     

    Што е ТТК м-банка?

    ТТК м-банка е софтверска бесплатна апликација за мобилни телефони и таблети, преку која е овозможен лесен и безбеден пристап до голем дел од услугите за физички лица на ТТК Банка АД Скопје, од кое било место и кое било време.

    Со нејзиното користење ќе имате постојан увид во вашите сметки, штедни влогови или картички, ќе можете едноставно и безбедно да вршите трансфери на средства и да ги дознаете сите информации поврзани со производите и услугите за физички лица. Сѐ што е потребно е да имате мобилен телефон или таблет и интернет-врска.

    Мобилната апликација ТТК м-банка ви овозможува

    • проверка на состојба на денарска или девизна трансакциска сметка;
    • проверка на состојба на платежна картичка;
    • проверка на состојба на кредит/депозит;
    • менувачко работење – дозволено само за купување и продавање валути за оние валутни сметки што корисникот ги има во ТТК Банка;
    • преглед на информативните СМС или Е-МЕИЛ пакети што ги нуди ТТК Банка (со можност да се активира или да се деактивира користењето некоја услуга или пакет од соодветното мени);
    • отворање стандарден депозит (како специфична услуга и кусур штедење);
    • плаќања (плаќање сметки за режиски трошоци, уплата на рата за кредит или рата на кредитна картичка), парични трансфери или преглед на реализирани налози;
    • пријавување изгубена платежна картичка;
    • калкулатор за кредити и депозити;
    • конвертор на валути;
    • инфо за кредитни, депозитни производи;
    • инфо за курсна листа;
    • GPS локатор на банкомати;
    • мрежа на експозитури и филијали со приказ на мапа;
    • новости и соопштенија;
    • контакт-информации.

     

    Како да станете корисник на ТТК м-банка мобилната апликација?

    Апликацијата TTK m-Bank се презема бесплатно од App Store (со iOS верзија 7 или понова) и Google Play (со Android верзија 2.3.3 или понова). За нејзино користење ви е потребна само интернет-врска.

    За да станете корисник на мобилната апликација ТТК м-банка, потребно е претходно да аплицирате за користење Електронско банкарство во најблиската филијала или експозитура на ТТК Банка АД Скопје.

    Доколку сте постоечки корисник на Електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје, на мобилната апликација можете веднаш да се регистрирате од вашиот мобилен телефон или таблет (се прави еднаш и без потреба од одење во Банка и склучување нов договор) и да започнете да ги користите сите функционалности на апликацијата.

    ТТК м-банка ви овозможува да имате увид во вашите сметки и платежни картички, депозити и кредити, преглед, активирање и деактивирање на информативните СМС или е-меил пакети, можете да вршите трансакции и плаќања од вашата сметка, да активирате услуга „кусур штедење“, да вршите плаќања на режиски трошоци, преглед и внес на налози 24/7, уплата на рата за кредитна картичка или кредит, да отворите депозит, да направите конверзија на валути, да пријавите изгубена картичка, а имате и пристап до сите информации за производите и услугите на ТТК Банка АД Скопје.

    Во секое време ќе може да ги користите јавнодостапните информации за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблискиот банкомат или филијала/експозитура на ТТК Банка АД Скопје, да ги дознаете актуелните девизни курсеви, да бидете во тек со новостите врзани за Банката итн.

    Преку демо-верзијата на мобилната апликација може да се уверите за едноставноста и корисноста на оваа апликација достапна во секое време и место.

    За брза и лесна најава и користење на ТТК м-банка, може да го погледнете Упатството за користење на мобилната апликација на ТТК Банка.

    Користењето на ТТК м-банка мобилната апликација и нејзините функционалности го правите преку внесување корисничко име и лозинка, кои ги користите за најава и кај Електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје, како начин за поголема сигурност во електронските плаќања. За побрз пристап во мобилната апликација, со регистрацијата на софтверски уред токен може да дефинирате ПИН-код за влез.

    За подетални информации во врска со мобилната апликација ТТК м-банка и Електронското банкарство на ТТК Банка, може да се информирате во филијалите/екпозитурите на ТТК Банка АД Скопје или на телефонскиот број за поддршка 02/32 47 000 лок. 010, е-меил [email protected].

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично