ПОВЕЌЕ

    Бизнис империјата на Трамп ќе биде под криминална истрага 

    Време зa читање: 2 минути

    Бизнис империјата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе под лупа на федерална криминална истрага.

    Судија на федералниот суд го одбил барањето на претседателот да го одложи инспекцискиот надзор за неговите даночни пријави, што го побарал обвинителот на Менхетен како дел од истрагата за градежните инвестиции на семејството Трамп, пренесува Ројтерс.

    Судијата на федералниот суд Виктор Мареро ја донесе оваа одлука само еден ден откако го отфрли аргументот на правниот тим на Трамп, во кој се вели дека барањето на обвинителот да организира расправа пред големо жири е претерано.

    Судијата Мареро ја отфрли можноста за одложување на поканата за рочиштето затоа што правниот тим на Трамп убедливо тврдеше дека жалбата што ја поднеле ќе биде успешна и дека неговото доаѓање на сослушувањето може да предизвика непоправлива штета на интересите на Трамп.

    Наспроти неговите претходници во Белата куќа, Трамп одби да биде транспарентен и да ја претстави својата даночна пријава пред американската јавност.

    Судската постапка против Трамп е покрената по откритието дека американскиот претседател ги поткупил поранешната порно глумица Сторми Даниел и Плејбој моделот Керен Мекдугал од наводно сомнителни финансиски извори, по нивните тврдења дека биле во сексуална врска со него.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично