ПОВЕЌЕ

    ТРОШОЦИ НА ЖИВОТ: За 26,7 проценти најмногу поскапел продукт што секојдневно го користиме

    Време зa читање: 2 минути

    Индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи зголемување од 3.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.6 %.

    Според податоците од статистика најголемо поскапување во септември во однос на истиот месец од минатата година има кај следниве продукти:

    1. масла и масти 26,7%
    2. течни горива 24,3%
    3. гас 23,8%
    4. транспортни услуги 22,7%
    5. горива и мазива за сопствени превозни средства 22,2%
    6. информатичка опрема 16,9%
    7. транспорт 15,7%

    Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5 %, пивото за 0.7 %, рибата и морските плодови за 0.4 %, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 %.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос пак на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало изнесува 99.5.

    Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.4 % и млекото за 0.3%.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично