ПОВЕЌЕ

    Ова се трите најбогати жени во светот

    Време зa читање: 3 минути

    Ниту една од овие жени не се најде на оваа листа благодарение на нивната работа, имено, сите тие го наследија најголемиот дел од своето богатство или од предци или од поранешни сопрузи. Добрата вест е дека тие се свесни дека со нивната позиција доаѓа одредена одговорност, па тие трошат дел од своето време и богатство на хумани цели.

    Треба да се нагласи дека редоследот на богатите жени подолу не може да биде точен, бидејќи нивното вистинско богатство е тешко да се процени, па количините што ќе ги видите се прикажани во опсези.

    1. Мекензи Скот – 63 до 67 милијарди долари

    Мекензи Скот го заработи своето богатство во најскапата парница за развод во историјата на човештвото. Откако најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, ја изневери по 25 години брак, Мекензи во разводот „заработи“ 38,3 милијарди акции на Амазон. Бидејќи вредноста на акциите значително се зголеми благодарение на кризата, нејзиното богатство сега се проценува помеѓу 63 и 67 милијарди. Минатата година, таа се приклучи на иницијативата The Giving Pledge од Бил и Мелинда Гејтс, во која ултра-богатите се залагаат да донираат половина од своето богатство во хуманитарни организации, или додека се живи или после смртта. Засега, нејзиниот филантропски фокус е насочен кон здруженија кои ги поддржуваат ЛГБТ заедниците, родовата еднаквост и борбата против климатските промени.

    2. Франсоазе Бетенкорт – Мејерс – 65 милијарди долари

    Долгогодишниот лидер на листата на најбогати жени, Франсоазе Бетенкорт – Мејерс, според индексот на Блумберг на почетокот на септември, падна на второто место на оваа престижна листа. Нејзиното семејно богатство започна да се акумулира на почетокот на 20 век кога младиот хемичар Јуџин Шулер разви формула за боја на коса што ја нарече Ореале. Останатото е историја, групата L’Oréal денес е козметички конгломерат со големо портфолио на познати брендови како Гарние, Кил, Ив Сен Лоран и многу други, а мнозински сопственик е внуката на Шулер, Франсоазе Бетенкорт – Мејерс. По ужасниот пожар во кој беше уништена париската катедрала Нотр Дам, таа донираше огромни 226 милиони долари за негово обновување.

    3. Алис Волтон – 61 до 67 милијарди долари

    Откако ги наследи акциите во „Волмарт“ во 1992 година од нејзиниот татко Сем Волтон, кој основаше популарен ланец на супермаркети 30 години порано, Алис се пресели на врвот на листата на најбогати жени во светот. Живее во Тексас опкружена со своите коњи и вредна уметничка колекција, а поголемите хуманитарни донации не и се познати на јавноста.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично