ПОВЕЌЕ

    Триглав осигурување живот вработува координатор за брокерска и агенциска продажба

    Време зa читање: 2 минути

    Триглав осигурување живот има потреба од координатор за брокерска и агенциска продажба. Заинтересираниете треба да имаат релевантно искуство од најмалку две години во продажба или на слична работна позиција. Освен тоа, од квалификациите потребно е одлично познавање на англискиот јазик, исто како и на MS Office (Excel, Word), но и да поседуваат возачка дозвола од Б категорија. Од кандидатите се очекува да имаат развиени комуникациски и организациски способности, да пројавуваат самоиницијативност и да се амбициозни, да се лојални и доверливи, високо мотивирани и да имаат желба за надградба.

    За возврат им се нуди корпоративна обука согласно најдобрите практики од оваа област, договор за вработување, службен телефон, како и можност за брзо напредување во рамките на компанијата.

    Во описот на работното место е наведено:следење и контрола на работата и продажбата преку Брокерски Друштва; координирање и поттикнување на продажбата на полиси преку Брокерски Друштва; менторство и поддршка во продажниот процес и работата со Брокерски Друштва; одржување обуки и менторирање на брокерите; доставување информации за промотивни активности, предности на производи; управување со портфолиото на склучени полиси преку Брокерски Друштва.

    Лицата што ќе конкурираат треба да достават своја биографија (CV) и мотивационо писмо, најдоцна до седми април на адреса: Булевар 8 Септември бр.18, кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса: [email protected] со назнака на позицијата за која се аплицира.

    Од компанијата посочуваат дека сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. И, додаваат: „Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав осигурување живот АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете согласноста. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично