ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на Триглав осигурување за претстојниот период?

    Време зa читање: 2 минути

    Работењето на Друштвото, ќе се одвива во влошени макроекономски услови, а истовремено може да се очекува заострена конкуренција на осигурителниот пазар и неповолно финансиско опкружување за остварување на принос од финансиските вложувања.

    Последиците од ширење на вирусот COVID19 се веќе видливи и веројатно е дека македонската еконимија 2020 година ќе ја заврши во рецесија, а оценките за нејзината висина варираат од -о,4% (Светска Банка) до 4% (ММФ). Генерално, очекувањата се дека Друштвото ќе се соочи со намалена економска активност, која може да резултира со намалена премија и намалена наплата на истата, но од друга страна очекуван е и забавен раст во ликвидација на штети како и намалени бруто оперативни трошоци.

    Триглав осигурување АД Скопје во претстојниот период очекува да ја одржи водечката позиција на пазарот и да ја задржи профитабилноста и сигурноста во работењето.

    Друштвото ќе ги превземе сите неопходн активности за остварување на зацртаните цели и задачи во рамки на планот за 2020 година и притоа ќе биде фокусирано пред се на дополнителниот развој на стратешките осигурителни производи, обезбедувајќи им на клиентите врвна навремена и доверлива услуга.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично