ПОВЕЌЕ

    Tриглав Осигурување оствари добивка од скоро 1 милион евра

    Време зa читање: 4 минути

    Tриглав Осигурување АД, Скопје заклучно со 30.09.2020 година оствари нето добивка од работењето во износ од 61.259 илјади денари, што е за 12.666 илјади денари повисоко во однос на минатата година.

    • Нето приходите од премија за 2020 година изнесуваат 698.127 илјади МКД, кое што претставува намалување во однос на 2019 година за 7,2%, односно за 53.867 илјади МКД. Гледано аналитички, причините за намалувањето се:

    – Пад на бруто премијата за 152.870 илјади денари, што делуваше негативно на нето приходите од премијата;
    – Пад на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 45.775 илјади денари, што делуваше позитивно на нето премијата.
    – Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2019 година, влијаеше позитивно за 45.198 илјади денари.

    • Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 40.112 илјади МКД и бележат раст во однос на истиот период претходната година за 11%. 77% од овие приходи се однесуваат на камати, а 6% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања произлегуваат од позитивни курсни разлики (3,3%) и капитални добивки од продадени финансиски вложувања (8,1%). Растот во однос на минатата година е пред се резултат на поголемото финансиско портфолио, како и на повисоките приходи од курсни разлики и капитални добивки.
    • Приходи по основ на провизии од реосигурување се пониски за 1.088 илјади МКД, односно за 2% во однос на 2019 година, соодветно на падот на предадената премија во реосирување.
    • Oстанати приходи на осигурување остварени се во износ од 5.923 илјади МКД и бележат пад од 25%. Овој пад се должи на пониските приходи по основ на ликвидирани штети за останати осигурителни компании како и поради пониските приходи за регресни побарувања од Гарантниот фонд.
    • Oстанатите приходи се во износ од 9.356 илјади МКД и бележат пад од 5%. Главна причина за намалувањето е тоа што минатата година се реализираа капитални добивки од продажба на основни средства во износ од 1.829 илјади мкд.

    Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следниве резултати:

    • Нето расходите за штети се во износ од 353.278 илјади МКД и споредно со претходната година тоа претставува намалување за 15,1% или за 62.690 илјади МКД во апсолутен износ. Падот се должи на пониската ликвидација на штети, како и на поголемо учество на реосигурителите во резервациите за штети.
    • Останатите технички резерви се за 1.158 илјади МКД намалени поради намалените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).

    Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 22.271 илјади МКД и се зголемени за 10,3% во однос на минатата година, главно како резултат на попустите во класа 2 – здравствено осигурување.

    • Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2020 година изнесуваат 319.204 илјади МКД што претставува пад од 3,1% или 10.101 илјади МКД во однос на истиот период претходната година. Најголемо влијание за падот имаше позицијата „трошоци за стекнување“, а кои се намалени за 11.293 илјади МКД (индекс од 93).
    • Трошоци од вложувања се во износ од 2.400 илјади МКД и претставуваат зголемување од 33% во однос на минатата година. Зголемувањето се должи на вредносно усогласување/исправка на вложувањето во Триглав Живот поради реализираната загуба на ова друштво.
    • Останати осигурително технички трошоци се во износ од 45.761 илјади МКД и ова претставува раст од 4,4%, а зголемувањето е главно резултат на повисоките трошоци за ликвидирање на НН и НВ возила од Гарантниот фонд.
    • Вредносно усогласување на побарувањата е зголемено за 778 илјади МКД.

    Прогласената вонредна состојба заради превенција од ширење на коронавирусот, како и прогласената пандемија на светско ниво, во одредена мера влијаеше и на вкупната наплата на премија.

    Исплатени дивиденди

    Во периодот од 01.01.2020 – 30.09.2020 година, Друштвото нема исплатено дивиденди. До денот на изготвување на извештајот за финансиската состојба нема предложени дивиденди од Одборот на директори на Друштвото.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично