ПОВЕЌЕ

    ТРЕТИОТ ОБИД УСПЕШЕН – Новиот сопственик плати 350 илјади евра за топланата „Скопје Север“

    Време зa читање: 2 минути

    Од понуденото „сѐ или ништо“, излезе – сѐ. За речиси 350 илјади евра е продаден пакетот од 77.414 обични акции на топланата „Скопје Север“, кои претставуваат 99,98 проценти од основната главнина на друштвото.

    Купени се по цена од 278 денари за акција, во блок трансакција на Македонската берза. Вкупниот износ е 21.521.092 денари. Податоците се од денешната дневна официјална берзанска листа.

    Познато е, продавачот Топлификација АД Скопје е во стечај, а парите од релизираната јавна берзанска аукција што ја иницираше Комерцијална банка, ќе станат дел од стечајната маса, која ќе се распореди меѓу доверителите. Акциите се купени по почетната предвидена цена.

    Всушност, топланата е продадена во третиот обид. Во септември лани била понудена на продажба за 605 илјади евра. Пакетот е истиот – 77.414 обични акции. Се барале по 482 денари за акција. А, една година претходно – 780 денари акција. Или, за сите акции – околу 980 илјади евра. Очигледно е дека од првата до третата аукција вредноста на „Скопје Север“ е падната за близу три пати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично