ПОВЕЌЕ

    ТОП 10 најголеми земји, извозници на вино

    Време зa читање: 2 минути

    Сте се запрашале ли колку е важно производството на вино за глобалната економија? За некои земји, тоа е од суштинско значење.  Извозот вино во светот вреди 36,1 милијарди долари.

    Половина од светскиот извоз на вино доаѓа од две држави, Франција и Италија. Три четвртини од светскиот извоз на вино доаѓаат од Европа. Извозот на вино од Австралија, (2,1 милијарди американски долари) вреди повеќе од севкупниот вински извоз од Африка и Азија.

    Податоците се на Меѓународниот трговски центар , а вклучени се само земји со повеќе од 0,01% од вкупниот светски извоз на вино.

    Европските земји доминираат на глобалниот пазар на вино, иако со значителен удел учествуваат Австралија и Нов Зеланд.

    Топ 10 најголеми извозници на вино се:

    1. Франција: 11 милијарди долари
    2. Италија: 7,3 милијарди долари
    3. Шпанија: 3,1 милијарди долари
    4. Австралија: 2,1 милијарди долари
    5. Чиле: 1,9 милијарди долари
    6. САД: 1,4 милијарди долари
    7. Нов Зеланд: 1,2 милијарди долари
    8. Германија: 1,2 милијарди американски долари
    9. Португалија: 920 милиони долари
    10. Велика Британија: 837 милиони долари

    На производството на вино големо влијание имаат глобалните  климатски промени. Винарите ги адаптираат своите земјоделски техники со производство на вино на поголеми височини, наоѓаат предели со помалку директна сончева светлина и експериментираат со различни сорти на грозје.

    Со зголемувањето на температурите, повеќе региони доживуваат промени во животната средина што се погодни за започнување со лозови насади. Во иднина, Франција и Италија може да се соочат со поголема конкуренција од растечките вински индустрии на неочекувани места како во Англија.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично