ПОВЕЌЕ

    „Тинекс“, Кола Група и „Зегин“ со „Quintaum“ признанија за задоволни вработени

    Време зa читање: 3 минути

    Во Македонија има компании одлични за работа и живот, покажа Quintaum, светски признатата  методологија за мерење на искуството на вработените. Во двегодишниот периодот од 2021 до 2023, со помош на тимот на Вита Институт, беше спроведена во неколку компании и организации, кои добија признанија за покажаните резултати кои се темелат на скенирањето и искуството на вработените.

    „Потребата да се идентификуваат вистинските состојби и да се гради вистинска организациска култура со свесно лидерство, е основа за внатрешно зајакнување на компанијата, кое ќе обезбеди успешна иднина и бизнис резултати“, нагласи генералната директорка на „Тинекс“, Кристина Тодоровиќ Николиќ, при доделувањето на признанијата.

    Ваквите мерења се потребни за носење правилни одлуки кога се во прашање вработените, смета Марина Михајловска, директорка на човечки ресурси во Кола Група.

    „Проектите за развој на човечките ресурси никогаш не застануваат, нашата желба е во иднина се повеќе да имаме мерење на искуството на вработените, но и други HR аналитики за носење вистински одлуки за луѓето“, напомена Михајловска.

    Признанието за „Зегин“ им беше доделено на директорката на човечки ресурси, Сања Крстевска, и на директорката на корпоративен маркетинг, Маја Топкоска. Тие укажаа дека „Зегин“ е компанија која ги следи трендовите на поставување современи системи за управување, и во моментот поминуваат низ трансформативен процес за зајакнување на корпоративното управување, при што мислењето и искуството на вработените e значаен индикатор.

    Овие компании со добиените признанија имаат обврска и понатаму да бидат креатори на позитивни искуства на вработените. Освен тоа, ќе се вклучат во националната програма за сертификација МАЦЕКС, која ќе биде и можност за споредба “benchmark” со пазарот и уште подобри увиди во сопствените состојби, како предуслов за континуирани организациски подобрувањa, долгорочно организациско здравје и компетитивност на пазарот.

    Признанијата ги доделија сопственичката на Вита Институт и воедно претседател на МАЦЕКС, Христина Велковска, и основачот и директор на Quintaum, Словенија, Андреја Кодрин.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично