ПОВЕЌЕ

    Талентираните студенти на Бреинстер Некст колеџ!

    Време зa читање: 10 минути

    Целосно изработени веб-апликации, учество на хакатони и реални проекти за компании, пракси во ИТ- компании… Иако се само во втора година, портфолијата на студентите од студиската програма Софтверско инженерство и иновации на Бреинстер Некст колеџ се веќе импресивни.

    Запознајте ги Стефан, Атанасија, Петар и Давид…Тие се посебни, храбри и амбициозни, бидејќи учат, работат, секојдневно се трудат да ги завршат сите предизвици зададени од професорите и менторите и да растат секој ден.

    Ова се студенти што не се плашат да бидат посебни, a од факултетот велат дека се среќни што ги имаат во нивните редови.

    Како беше досега NEXT патувањето?

    За Стефан Хаџи-Ефтимов, кој е втора година на Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) почетоците на студиите му изгледаат како онаа народната: „Ако не го фатиш возот навреме, ќе ти избега“. 

    „Во овој случај е нешто слично. Aко не го избереш вистинскиот автомобил ќе мора да го поправаш и нема да можеш да го возиш постојано и да стигнеш до дестинацијата на која си сакал да пристигнеш за одреденото време. Нормално е дека можеш да стигнеш со повеќе труд, но почетокот на студиите е клучен“.


    Неговиот колега Давид Петковски смета дека нивната генерација добила уникатна прилика да биде првата генерација студенти на Бреинстер Некст колеџ. За него, тоа уште од самиот старт значело искуство како ниедно друго. 

    „Мислам дека сите студенти би се сложиле дека е многу интересно што можеме да видиме како факултетот расте и се гради заедно со нас, и дека нашето искуство е она што ги предизвикува промените за идните генерации. Со доаѓањето на втората генерација, стана многу поинтересно од аспект на заедница, пријателства и дружење. Ова верувам дека ќе стане уште подобро за сите наредна година кога ќе бидеме 3 генерации истовремено“, вели Давид.


    За неговата колешка Атанасија Ѓеоргиевски првата година од студиите била предизвикувачка, но истовремено и восхитувачка. 

    „Од учење на нови концепти и технологии, па сѐ до создавање на реални и иновативни проекти – секој ден носеше нови искуства и можности за раст. Почетоците на Бреинстер Некст колеџ секогаш ќе ги паметам како период кога ми се отворија вратите кон светот на можностите и новите искуства“.

    Петар Ѓорѓиоски пак вели дека успешно пливал во првата година бидејќи според него, најважно е да се има желба и интерес за материјата, а потоа активно следење на наставата, посветеност и многу работа.

    „Благодарение на посветеноста на student success тимот и менаџментот на колеџот кои во комуникација со студентите ги согледуваат нивните потреби, делуваат практично и со позитивни промени за почетоците на новите студенти“ вели Петар.

    Да се биде успешен студент на овој факултет не е лесно. Бреинстер Некст колеџ e за оние упорните и храбрите, за оние што веруваат дека квалитетното образование може да им помогне да си ги остварат соништата. Интензивните програми сами по себе бараат добро организирање и временско менаџирање, негување на креативноста и секако, активно учење. 

    Според Атанасија, на Бреинстер Некст најважно е да не се биде само пасивен слушател, активното учење вклучува интеракција на часовите, поставување прашања и секако дискусии со професорите.

    „Но, од сеопфатното учење, примената на научените концепти во практична работа е всушност најважниот дел за успешно развивање на еден студент. Исто така, континуираното учење претставува есенцијален дел од успешно студирање на Бреинстер Некст колеџ. Само со постојана желба за учење и развој, студентите можат да останат релевантни и конкурентни во брзоменувачката индустрија на софтверското инженерство и иновации“, вели таа.

    За Давид, рецептот за успешен студент на овој факултет е да се биде редовен, конзистентен, да се даде максимумот во овие години со цел да се извлечат најдобри можни резултати. 

    „Се наоѓаме во години во кои сме доста зрели за да сфатиме кои се нашите приоритети, а верувам дека учењето би требало да биде блиску до, ако не и на самиот врв на пирамидата“, вели Давид.

    Справување со предизвици и решавање проблеми

    Знаеме дека ефективното справување со проблеми и предизвици вклучува повеќестран пристап. Смирено и прибрано однесување за да размислувате јасно, дефинирање на проблемот, па собирање информации и идентификување на неговата основна причина. Важно е и да се размислува креативно, земајќи ги предвид различните пристапи и барајќи помош од другите кога е потребно. Ги прашавме студентите како тие се справуваат со предизвици?

    Стефан на пример, вели дека практикува само работа и „вртење“ околу проблемот. 

    „Во случај да не можам да се одглавам подолго време, пробувам да најдам човек што може потенцијално да ми помогне околу проблемот, па најчесто додека го споделувам го наоѓам решението“, вели Стефан.

    Петар пак најпрво го разложува проблемот и го решава дел по дел, додека не дојде до една компактна целина.

    „Проблем што би сакал во иднина да го решам е енергетската криза. Со моите вештини би можел да учествувам во изнаоѓање на решенија како на пример интелигентен систем за управување со енергија, платформи за мониторинг на енергетска потрошувачка како и апликации кои би ја подобриле свеста и образованието за енергетска ефикасност“, објаснува Петар.

    Првиот чекор за решавање на секаков тип на сложен проблем започнува со детална анализа за да се разбере контекстот на истиот. Разбирањето на сложени проблеми често бара креативно размислување и иновативен пристап. Вака Атанасија почнува со решавање на некој предизвик. Вели дека потребно е и да се размислувa out of the box, истражувајќи алтернативни пристапи за решавање на проблемот и отворање на нови можности за креативни решенија.


     „Покрај тоа, неопходно е да се примени концептот на trial and error, преку кој се истажуваат различните начини да се дојде до посакуваниот резултат, препознавајќи ги и елиминирајќи ги причините за неуспех. Исто така, важно е да се користат и други методи за решавање на проблеми како колаборација, искуство од претходни ситуации и секако консултација со експерти во таа област. Со комбинирање на сите овие problem-solving концепти, може да се пронајде креативно и ефикасно решение дури и за најсложените проблеми“, вели таа.

    Креираат апликации, одат на пракса секојдневно се мотивирани да бидат подобри

    Во двете години додека учат на Бреинстер Некст колеџ, студентите работеа на реални проекти, хакатони, лични проекти, некои беа на летна пракса, предмет им предаваа експерти од стартапот Culturetec. Многу нешта им помогнаа да почнат да се развиваат во ИТ-професионалци.

    За Атанасија е најважно што секојдневно била мотивирана. Но, како најинспиративно искуство го издвојува работата на финалниот проект по предметот Имплементација на решение. Заедно со Давид тие ја направија Bitbite.mk, апликација наменета за угостителски локали што сакаат да го дигитализираат нивното хартиено мени. Оваа платформа веќе ја користат и неколку ресторани.

    „Во тие моменти, знаевме дека успешно сме го исчекориле патот од идеја до реално решение или реализација. Знаевме дека сме ja донеле вистинската одлука и дека само една академска година на Бреинстер Некст колеџ нѐ делела од успешно креирање на апликација. Дополнително ја добивме можноста за летна пракса во Бреинстер, која беше од суштинско значење за нашата професионална еволуција. Секојдневната интеракција со експерти беше извор на голема мотивација и можност за проширување на нашите хоризонти во областа на софтверското инженерство и иновации“, вели таа.

    И Давид ги издвојува сличните предизвици како нешто што ќе го памети најмногу од досегашното академско патување.

    „Шансата да се работи на реален проект што е вистински производ на пазарот во Македонија и луѓе профитираат од него беше многу интересно. За прв пат почувствувавме како е самостојно да работиш на еден проект, во тим со колеги, за прв пат да се соочиме со проблемите со кои што се соочуваат програмерите и секако многу да научиме во цел тој процес. Потоа ја добивме шансата истиот проект да го доработиме на летната пракса, што беше феноменално искуство само по себе. Секој ден да се биде во иста канцеларија, иста средина со голем број на експерти беше мотивација каква што не сум почувствувал никогаш досега. За на крај врвот да го достигне со официјално пуштање на нашиот проект на пазарот“, вели Давид.

    За Стефан најкорисно досега било учеството на хакатоните бидејќи работејќи со повеќе луѓе на еден проблем, е шанса да се чуе различно гледиште. Така излегуваат различни проблеми, секој помага секому и според него, така најмногу се учи. Исто така, како посебен го издвојува и Предмет од индустрија, кога експертите од стартапот Culturetec, кој е дел од глобалната ИТ-компанија Intertec им предаваа на факултетот.

    „Од Culturеtec бев инспириран да прифаќам работа со frameworks, а не ги познавам. Со логиката од претходните frameworks што ја имав стекнато, лесно успеав да се пренасочам со работење на новиот framework“.

    Петар кој досега има учествувано на неколку хакатони кои му оставиле голем впечаток поради можноста за тимска работа, креативноста и наоѓање на решенија на реални проблеми. Преку нив научил нови технологии и го проширил знаењето во областа на програмирањето.

    Инаку, Петар во моментов работи и како full stack developer и успева да биде добар студент. Според него, со правилното користење на ресурсите и знаењето може да се делува на негативните случувања на глобално ниво.

    „Го користам знаењето што го добивам од факултетот, а и обратно“, вели Петар.

    Атанасија верува дека работата во ИТ-сферата има голем потенцијал да влијае на подобрување на различни проблеми со кои се соочува денешниот свет и креирање на позитивни промени на глобално ниво.

    „Технологијата има голема моќ да генерира иновативни решенија и да креира нови начини за решавање на комплексни предизвици. Примери за тоа вклучуваат користење на вештачка интелигенција за анализа на податоци и подобрување на здравствената нега, примената на IoT за надгледување на квалитетот на воздухот, како и развој на виртуелни асистенти за поддршка во управувањето со финансии и економија“, вели таа.

    Дел од проектите на кои работеа нашите студенти се т.н tech for good, што за Давид е сосема различно искуство од некои лични проекти или проекти што ги правеле за оценка/профит и слично. 

    „Имавме шанса да отидеме на хакатон организиран од Ways2help, и мислам дека кај мене, а и кај останатите колеги кои што учествуваа видов некоја посилна мотивација и поголема желба за работа од вообичаено“.

    Интензивните курикулуми на двете студиски програми, Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн се вистински предизвик за студентите.

    Покрај практичната методологија на која се заснова образованието на овој факултет, тие се единствени што ја нудат финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“.
    Приемниот упис за Бреинстер Некст колеџ е отворен до крајот на овој месец, а со тоа и можноста за студирање за 0 денари, сѐ до вработувањето.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично