ПОВЕЌЕ

    Светска банка: Инвестирањето во здравството и образованието е клучот за економскиот раст

    Време зa читање: 2 минути

    Инвестициите во квалитетно образование и здравство ќе бидат особено важни за постпандемичкото закрепнување во растечките економии на Европа и Централна Азија, посочи Светската банка.

    Тие земји, според Светската банка, годинава ќе доживеат пад на активноста од 4,4 проценти, што е најлоша рецесија од глобалната финансиска криза во 2008 година.

    „Опоравувањето на економската активност се очекува во 2021 година, во опсег од 1,1 до 3,3 проценти. Оваа прогноза е сè уште многу неизвесна, со ризик од полош исход“, се наведува во дополнетото издание на Економскиот извештај на Светската банка за овој регион.

    “Бавното темпо, ќе започне 2021 година. Србија треба да продолжи да работи за отстранување на пречките за растот на приватниот сектор кои се резултат на слабото управување и бирократија“, се вели во извештајот.

    Беше истакнато дека темпото на закрепнување во растечките економии во Европа и Централна Азија ќе зависи од времетраењето на пандемијата, достапноста и дистрибуцијата на вакцини, како и од степенот на подобрување на глобалната трговија и инвестиции.

    Светска банка предупреди дека растот во регионот може да биде послаб отколку што се очекуваше во случај на влошување на пандемијата.

    „Во вакви тешки времиња, земјите од Европа и Централна Азија мора да се подготват за периодот по тековните кризи и за силно пост-пандемиско закрепнување“, рече потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично