ПОВЕЌЕ

    Светските херои на пандемијата од 11 до 15 место

    Време зa читање: 4 минути

    По десетте светски херои во услови на пандемија, согласно листата на „Фортун“, Ви ги претставуваме следните 5 од вкупно 25 лица кои во услови на пандемија беа храбри и решителни во своите одлуки и по цена на животот.

    1. Градоначалниците на Чикаго, Сиетл и Сан Франциско

    Градоначалниците Лори Лејтфоут на Чикаго, Џени Дуркан на Сиетл и Лондон Бред на Сан Франциско, се на 11 место од листата на 25 светски херои во екот на пандемијата.

    Градоначаниците, особено оние што ги водат најголемите и  најранливите градови спроведоа акција за заштита на своите граѓани.

    Во Сиетл,  американски жариште на корона, градоначалникот Дуркан беше прв кој стартуваше со брзи тестови за возачите, креираше програма со ваучери за намирници во вредност од 5 милиони американски долари и ги сподели научените лекциите со колегите градоначалници. Така, градоначалниците на Чикаго и Сан Франциско ги послушаа предупредувањата и веројатно спасија илјадници животи.

    1. Ли Сјен Лонг и Лео Ји-Син, Сингапур

    Ли Сјен Лонг е премиер на Сингапур, а професор Лео Ји-Син, извршен директор на Националниот центар за заразни болести.

    Сингапур беше една од првите земји, покрај Кина, која потврди случај на коронавирус. Скоро три месеци, смртните случаи поврзани со ковид 19, останаа едно цифрени. Центарот на Лео, разви тест пред државата да го потврди својот прв случај. Сингапур има една од највисоките стапки на тестирање по глава на жител во светот. Брзите контроли на границата, методичното следење на контакти и транспарентната комуникација со јавноста, го издвојуваат Сонгапур од останатите, како добар пример во борбата со пандемијата.

    1. Џејн Мосбахер Морис

    Џејн Мосбахер Морис  е основач на организација „To the market“, која користи технологија за да им помогне на трговците на мало и на брендовите да обезбедат транспарентност во синџирот на снабдување со производи кои се општествено и еколошки одговорни по конкурентни цени.

    Нивната мисија е да се смени начинот на производство на мало за да се создаде подобар исход за луѓето, планетата и на крајот, подобар бизнис.

    Во март, десетици производители на ТТМ ги реализираа своите активности за производство на маски, наметки и пилинзи.  Морис има нарачки за над 1,2 милиони единици во САД и се надева дека ќе дистрибуира и во Кенија, Гана и Индија .

    1. Амаду Сал, Африкаќ

    Амаду Сал е директор на Институтот „Пастер“ во Сенегал, Африка.  Вирологот Амаду Сал, се насочил кон ширење на тој капацитет и создавање попрактичен начин за тестирање. Соработувајќи со компанија за дијагностицирање со седиште во САД, тимот на Сал успеал да развие уред за грижа што ќе понуди резултати за 10 минути. Тестовите  чинат помалку од 1 долари и ќе се изработуваат во Сенегал.

    1. Кеси Кели

    Кеси Кели, е само еден од бројните здравствени работници кој го стави животот во борба со ковид 10. За Кели се верува дека е првото медицинско лице кое почина од вирусот.

    SINGAPORE – AUGUST 21: Singapore Prime Minister, Lee Hsien Loong waits to receive Myanmar State Counsellor Aung San Suu Kyi (not pictured) at the Istana on August 21, 2018 in Singapore. Aung San Suu Kyi is on a four day working visit to Singapore. (Photo by Suhaimi Abdullah/Getty Images)

    Неговата смрт ги поттикна колегите да им се спротивстават на наредбите и да зборуваат за опасните недостатоци на во градските болници, мотивирајќи ги креаторите на политики и филантропи да се засилат во своите заложби за да помогнат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично