ПОВЕЌЕ

    Шведска сака целосно да се премине на дигитална валута

    Време зa читање: 2 минути

    Шведската влада ќе започне да ја истражува можноста земјата да премине кон дигитална валута, означувајќи уште еден чекор кон непознатото за најнеготовинското општество во светот.

    Пер Болунд, министер за финансиски пазари, рече дека прегледот започнат во петокот се очекува да заврши до крајот на ноември во 2022 година. Ана Кинберг Батра, поранешна претседателка на комитетот за финансии на Риксбанк, ќе го води проектот.

    Шведска е меѓу првите земји во светот што размислува да воведе дигитална валута. Нејзината централна банка веќе спроведува пилот проект со “Accenture Plc” за воведување електронска круна базирана на истата блокчеин технологија која ги поткрепува дигиталните валути како биткоин.

    Гувернерот Штефан Ингвес во октомври рече дека секоја одлука за издавање е-круна треба да се донесе на политичко ниво.

    Од гледна точка на владата, Болунд рече дека „од клучно значење е пазарот на дигитализирани плаќања да функционира безбедно и дека е достапен за секого“.

    „Во зависност од тоа како е дизајнирана дигитална валута и кои технологии се користат, тоа може да има големи последици врз целиот финансиски систем“, рече тој.

    Риксбанк во октомври процени дека употребата на готовина во Шведска паднала на најниско ниво досега, бидејќи пандемијата го забрзува оддалечувањето од банкнотите и монетите. Помалку од 10% од сите плаќања се вршат со готовина во Шведска, според истражувањето на банката.

    Банката за меѓународни порамнувања процени уште во 2018 година дека Шведска е најнеготовинското општество во светот, мерено како употреба како процент од бруто домашниот производ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично