ПОВЕЌЕ

    Super Mario Bros од 1985 продадена за 2 милиони долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ретка и се уште спакувана копија од првиот дел на легендарната видео игра „Super Mario Bros“ е продадена за рекордни два милиони евра.

    Пред неколку недели копија од „Super Marija 64“ беше продадена за тогаш рекорди 1.56 милиони долари.

    Рекорднот е урнат и два милиони долари официјално најголем износ кој некој го потрошил за видео-игра.

    Ова е само уште една во низата високопрофитни аукции, а „New York Times“ пишува дека оваа копија е продадена на платфорамта „Rally“, која се бави со продажби од ваков тип.

    Износот кој првично бил побаран за оваа игра бил 140 илјади долари, но во текот на аукцијата цифрата се искачила до неверојатни два милиони долари, кои ги дал анонимен купувач кој се бави со купување на скапоцени предмети во светот на видео-игрите.

    Инаку, интересот за ретките и стари игри е зголемен а неодамна за речиси 900 илјади долари е продаден и неотворенпримерот од првиот дел на култната игра „Legend of Zelda“ за „NES“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично