ПОВЕЌЕ

    Студентите од МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ на студентска посета во КХВ

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија спроведе уште една практична настава за студентите од департманот Банкарство и Финансии од IV-та година од Меѓународниот Балкански Универзитет од Скопје.

    Преку едукативна презентација од страна на Стручната служба на Комисијата, студентите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирањето на пазарот на хартии од вредност, работата на регулаторот и постапката за преземање на акционерските друштва.

    Спроведувањето на ваква практична настава на студентите им овозможува да се стекнат со одредено работно искуство, што е задолжителен елемент од секој наставен план за квалификација во високото образование во нашата земја.

    Оваа студентска посета која се базира на меѓусебна соработка помеѓу студентите, професорите и Комисијата, на претходно акумулираните теоретски познавања на студентите се насочува кон примена на практичното искуство, кое во иднина ќе им послужи за кариерен развој.

    Во оваа насока, Комисијата останува отворена за понатамошна соработка и заеднички активности со Универзитетот за подигнување и развој на практичното учење за наставниот кадар и студентите од Економскиот факултет при Меѓународниот Балкански Универзитет од Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично