ПОВЕЌЕ

    Струјата во првиот блок поевтина, евтината тарифа иста, 200 денари за пристап до мрежа

    Време зa читање: 2 минути

    За 5,16 отсто се намалува цената на струјата за потрошувачите од првиот блок, а во вториот и кај евтината тарифа нема промена. Во третиот блок струјата ќе биде поскапа за 2,88, а во четвртиот – 1,86 насто. Новите цени ќе важат од први јануари, заедно со пристапот до мрежа, ставка која ќе биде додаден кон сите сметки со плус 200 денари, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

    Со ваквата одлука, вели првиот регулатор, се рефлектираат решенија кои ќе го заштити стандардот на граѓаните. При одлучувањето се имало предвид уставното начело со кое државата се дефинира како социјална, а се со цел заштита на ранливите категории.

    „Со новиот концепт пристап кон мрежа се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Со примена на овој модел мрежарината се намалува за скоро 23 проценти. Доколку не се воведеше надомест за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 насто, втор блок за 8,62, трет блок за 9,46, четврт блок за 4,92 и евтината тарифа за 15,42 проценти“, нагласи Бислимовски.

    Новата ставка од 200 денари ќе ја плаќаат сите, а пред се е наменета за сопствениците на викендици, станови и куќи кои се користат повремено. Таа цена е збир од цената за енергија плус мрежарината, која заради воведување на пристапот до мрежа се намалува за 23 проценти.

    „Сите домаќинства ќе плаќаат 200 денари за пристап на мрежа. Дополнително потрошувачката на струја се намалува во земјата, пред се поради поставувањето на фотоволтаици на домаќинства и компани. Не беше фер тој товар да го поднесат потрошувачите кои не поставиле фотоволтаици на своите кровови. Ова е правилен пристап“, вели Бислимовски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично