ПОВЕЌЕ

    Струјата нема да поскапи од први јануари – тврди министерот Бектеши

    Време зa читање: 2 минути

    Сметките за струја нема да се зголемат од први јануари, тврди министерот за економија Крешник Бектеши. Односно, би требало да има повисока цена за третиот и четвртиот блок, за да се покријат трошоците направени во првиот и вториот.

    Кај домаќинствата кои помалку трошат струја нема да има промени, дециден е министерот, без оглед на барањата од енергетските компании, кои можат да одат и до 400 и 500 насто во делот на трошоците што ги пријавуваат и согласно тоа што планираат да инвестираат, но Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи што и колку ќе прифати. Со новата ставка за пристап до мрежа, пак, засегнати ќе бидат само сопствениците на викендици, на две-три куќи или станови.

    „Дваесет и седум проценти не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО, ЕВН Дистрибуција и ЕВН Хоум, и најверојатно нема да бидат прифатени. Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од први јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена, рече Бектеши.

    Најранливите категории, кои имаат просечна потрошувачка во првиот и вториот блок ќе плаќаат помалку во делот на електричната енергија и во вкупната сметка за струја.

    „За да бидам јасен, зголемување на цената во фактурите на граѓаните нема да има од први јануари согласно новата методологија“, нагласи Бектеши, додавајќи дека граѓаните кои имаат отреба од поддршка се во рамките на првиот и вториот блок.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично