ПОВЕЌЕ

    ШТРАЈКОВИ НИЗ ЕВРОПА ВО ТРАНСПОРТНИОТ СЕКТОР, еве во кои држави може да „заглавите“ на најавените дати

    Време зa читање: 2 минути

    Јануари низ Европа продолжува во знак на протести и штрајкови, а во неколку држави се очекува транспортниот сектор да претрпи застои во текот на повеќе денови поради барањата на вработените за поголеми плати.

    Во Велика Британија машиновозачите членови на синдикатот Аслеф објавија растечки распоред на еднодневни штрајкови и забрана за прекувремена работа помеѓу 30 јануари и 5 февруари. Штрајкот ќе влијае на различни оператори во различни денови, вклучувајќи ги и Avanti West Coast, CrossCountry, East Midlands Railway, West Midlands Trains, GTR, LNER, Southeastern, SWR и TransPennine Trains. Машиновозачите се во долгогодишен спор околу платата која, како што велат, не е зголемена во последните пет години.

    24-часовен штрајк на јавниот превоз ќе ја погоди Италија на национално ниво на 24 јануари. Тоа би можело да предизвика значително нарушување на патниците кои користат автобуси, трамваи и метро, но не се очекува да влијае на регионалните и возовите на долги релации.

    Истиот ден, контролорите на летање на италијанските меѓународни и локални аеродроми најавија дека ќе ја прекинат работата од 13 до 17 часот, што потенцијално ќе предизвика одложувања и откажувања за патниците кои летаат кон и од Италија.

    И машиновозачите во Германија  најавија еднонеделен штрајк – ќе штрајкуваат од 24 до 29 јануари. Според објавениот распоред, штрајкот ќе започне во 2 часот наутро во среда и ќе продолжи до 18 часот во понеделник. Тоа е последен во серијата штрајкови во долготрајниот спор со железничкиот оператор Дојче Бан за часовите, платите и работните услови.

    „Отворени штрајкови“ би можеле да ја погодат германската железничка мрежа во наредните месеци доколку не се постигне договор во следните колективни преговори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично