ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка а.д. Битола вработува 4 банкари

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка а.д. Битола заради зголемување на обемот на работа и прифаќање на поранешните клиенти од Еуростандард Банка, има потреба од 4 нови вработувања во експозитурите во Битола на следните работни позиции:

    • Стручен соработник за работа со физички лица во експозитура, 2 (два) извршители;
    • Референт за работа со благајна во експозитура, 2 (два) извршители.

    Доколку сте заинтересирани да бидете дел од тимот на Стопанска Банка а.д. Битола и ги поседувате следните карактеристики:

    • Завршено средно или високо образование;
    • Комуникативни;
    • Ориентирани кон тимско работење;
    • Желба за градење на кариера во банкарството;
    • Познавање на Microsoft Office пакетот;
    • Способност за работа под притисок

    Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот на следнaта адреса: [email protected] со назнака „За новоотворени позиции во Битола“.

    Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB.

    Стопанска банка а.д. Битола го задржува правото да исконтактира со заинтересираните кандидати, доколку се појави потреба во наредната година.

    Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Стопанска Банка а.д. Битола и истите да бидат зачувани во дата базата на Банката во наредната 1 година од денот на испраќање.

    Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [email protected]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично