ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка известува за предвремена исплата на јулските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека јулските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

    Корисниците на дебитни картички ќе можат во целост да располагаат со јулските пензии од 28.07.2020 (вторник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    За клиентите кои не користат картички, исплата на пензиите ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

    1. До 11.000 денари на 28.07.2020 (вторник)
    2. 11.001-14.000 денари на 29.07.2020 (среда)
    3. 14.001-18.000 денари на 30.07.2020 (четврток)
    4. Над 18.001 денари на 31.07.2020 (петок)

    Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

    Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

    Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

    Во филијалите остануваат правилата за ограничен влез на одреден број на клиенти во исто време како и задолжително користење на маска/марама како и одржување на растојание од 2м.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично