Секој експерт за финансии ќе ви каже дека треба да им дозволите на вашите пари да работат за вас. Не само што тоа е точно, туку тоа е задолжително доколку сакате да се збогатите.
Колку порано во животот сте изложени или имате редовен контакт со мудар финансики експерт, толку се поголеми шансите да почнете рационално да инвестирате, а со тоа ќе имате повеќе време да заработувате од вашите пари.
Да се биде инвеститор не е секогаш лесно. Берзата ќе го направи она што го прави секогаш. Понекогаш цената расте, понекогаш паѓа. На краток рек, таа цена нема никаква корелација со самата вредност на компаниите. Но на долг рок, има 100% корелација. Токму за тоа, се исплати да носиме мудри и долгорочни финансиски одлуки и да инвестираме во компании кои создаваат вредност.
Инвеститорите кои го доживеаа падот на берзата од 1929 година , што на крајот доведе до голема депресија, на крајот ги вратија своите пари – дури и ако беа потребни 30 години. Неодамна, кога пазарот за недвижности пропадна во 2008 година, што доведе до „голема рецесија“, тој не ги уништи пазарите засекогаш. Всушност, само 2 години подоцна, економијата почна да цвета и имаше речиси една деценија од постојан пораст.
Ако панично сте ги извадиле парите од акциите во 2008 година, нема сомнение дека ќе завршевте со многу помалку. И оние што продолжија да штедат во текот на тие години, додавајќи пари на нивните инвестициски сметки, завршија во најдобра форма. Тие буквално го следеа првиот дел од тој инструмент за инвестирање, Купи ниско, продај високо, размислувај долгорочно.