ПОВЕЌЕ

    Дали сонувате за пари во последно време? Откријте што значи тоа.

    Време зa читање: 3 минути

    Пред да помислите дека соништата немаат никаков ефект врз вашиот живот, ве информираме дека научниците откриле дека соновите всушност можат да влијаат врз нашето дневно однесување.

    Во истражувањето објавено во списанието Социјална психолошка и наука за личност, американски и британски тим на истражувачи откриле врска помеѓу одредени настани во соништата и интеракциите во реалниот свет. Други истражувања од минатото исто така откриле дека соништата можат да влијаат врз нашите постапки и нашата емоционалната состојба во текот на следниот ден. Таткото на психоанализата Сигмунд Фројд, се согласува со тоа, и вика „Соништата се кралски пат до потсвеста.“ 

    Па така, што значи ако сонувате за пари? Во соништата, парите можат да отсликаат сè, од сфатена моќ и енергија до снаодливост, па дури и самодоверба, вели Кели Саливан Волден, автор на „Сè е во вашите соништа“. Побаравме од неа и уште двајца експерти за соништа да ги анализираат петте најчести соништа поврзани со парите. 

    Сонови за добивка на пари

    Тоа „победничко“ чувство може да се однесува на други аспекти од вашиот живот за кои имате добри чувства, како на пример, дека имате среќа во љубовта. Тоа не значи буквално да очекувате да добиете на лото, туку може да очекувате да привлечете попозитивна енергија и можности за победа на вашиот пат.

    Сонови за наоѓање на пари

    Во сонот, шетате по улицата и наоѓате банкнота од 1000 денари заглавена во чевлите. Или барате низ џебовите во некое старо палто што со години сте го чувале, и наоѓате пари. Ова може да претставува обновено чувство на самопочитување и можност за вреднување на основните аспекти во вашиот живот што претходно сте ги земале здраво за готово.

    Сонови за губење на пари

    Изгубени пари во сон? Барем тоа беше само сон, нели? Битно е да знаете дека овој вид на тема може да сугерира дека е време да го преиспитате вашето финансиско здравје .

    Ако сонувате дека губите пари, тоа може да биде одраз на тоа како моментално се чувствувате за вашата финансиска состојба во секојдневниот живот. Можеби сега доживувате финансиски проблеми. Анализирајте се.

    Сонови за давање на пари

    Ако сонувате дека давате пари, пристапете кон овие видови соништа како начин подобро да разберете како се чувствувате во потсвеста за вашето циркулирање на пари. Клучот за толкување е идентификување на вашата емоционална состојба на умот кога ги давате парите. 

    Ова е веројатно добар показател дека се чувствувате просперитетни во животот, со внатрешно знаење дека сте во постојан проток на изобилство.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично