ПОВЕЌЕ

    Што ви треба за да иновирате?

    Време зa читање: 2 минути

    Знаеме дека за да останете на врвот на пазарот вашиот бизнис мора постојано да иновира без разлика дали станува збор за иновација во производ/услуга, бизнис модел или пак процеси.

    Да се иновира значи да се менува тековната ситуација на вас како еден претприемач, вашиот бизнис и вашите купувачи. Иновација бара вложувања, но не само финансиски вложувања, туку и интелектуални вложувања за како прво да се појави можност за иновирање, а потоа процесот да се истера до крај и тоа успешно.

    Тука накратко ќе навлеземе само на три потребни елементи за да иновирате.

    1. Желба и поттик вашиот бизнис да иновира

    Прво мора да имате желба, и не само желба туку и континуиран поттик да сакате да иновирате, инаку не можете да очекувате дека вашиот бизнис ќе продуцира успешни иновации.

    Зошто велиме желба и поттик кога во почетокот на овој наслов реков знаеме дека треба да иновираме? Затоа што желбата и поттикот ќе бидат оние елементи кои ќе ве направат никогаш да не бидете задоволни со постоечката ситуација. Истото што се случува и со вашите потенцијални купувачи.

    2. Континуиран тек на идеи за иновација

    Понатаму, ако сакате да бидете претприемач кој се карактеризира како успешен иноватор ќе мора да бидете сигурни дека дозволувате непречен развој и тек на иновативни идеи низ вашата компанија.

    Ако сте претприемач не значи дека само вие имате ексклузива да иновирате. Иновирање е обврска на секој член на вашиот тим. А, кога е така успешните иновации ќе бараат постојан тек и процесирање на идеи за иновирање.

    3. Вештини за иновирање

    И како за крај ќе споменеме уште една потреба, а тоа се вештините за иновирање. Оваа е навистина еден комплексен елемент за кој никогаш нема да имаме исцрпен и конечен одговор. Иновацијата бара технички вештини, но иновацијата бара и менаџерски вештини како правилно да бидат координирани и управувани сите активности во самата компанија кои се поврзани со иновативниот процес.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично