ПОВЕЌЕ

    Штериева во „Каде се парите?“: Каматите за денарските кредити зависат од просечната стапка на депозитите

    Време зa читање: < 1 минутa

    За да се намалат каматните стапки за кредитите одобрени во денари, банките прво ќе мора да интервенираат кај стапките што се пресметуваат на депозитите. На ова посочи претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова Штериева, објаснувајќи на поткастот „Каде се парите?“, кои се причините за зголемување, односно намалување на каматите што се одредуваат во сегментот кредитирање

    Кај денарите, за да има намалување на каматните стапки кај кредитите, ќе треба да има намалување на референтната стапка која е врзана за депозитите. Значи, банките прво ќе треба да почнат да ги намалуваат каматните стапки на страната на депозитите, па потоа да почнат да се намалуваат каматните стапки. Зборувам за голем дел од банките, кај кои променливоста на стапките е врзана со референтната национална стапка, додека кај фиксните камати ќе нема промена“, наведе Штериева, додавајќи дека ќе нема промена единствено кај кредитите со фиксна стапка, земени во периодот на високи камати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично