ПОВЕЌЕ

    Штедилница можности – Оглас за вработување

    Време зa читање: 2 минути

    Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на штедилницата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува:

    Службеници за односи со клиенти во експозитурата на Штедилницата во:

    – Тетово – 2 (двајца) службеници

    Потребни знаења и вештини:

    – Завршено високо образование економски факултет со основни познавања на финансиски извештаи,
    – Способност за тимска работа но и самостојност,
    – Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
    – Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија,
    – Солидно познавање на англиски јазик,
    – Работно искуство во дејноста не е задолжително.

    Работни задачи:

    – Промоција и продажба на финансиски продукти,
    – Проценка на кредитно барање,
    – Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
    – Помош на корисници на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
    – Градење на квалитетни односи со клиенти.

    Аплицирајте преку интернет-страницата на штедилница Можности:

    http://www.moznosti.com.mk/aplikacija-za-vrabotuvanje.nspx или пратете CV преку е-пошта: [email protected], не подоцна од 11.09.2019 година, со назнака за експозитурата за која што аплицирате.

    Земете ја во предвид информацијата дека само кандидати кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани, а изборот ќе се врши во рок од 45/90/120 дена по завршување на Огласот.

    Со праќање на вашата апликација, согласни сте да се користат вашите лични податоци во процесот на селекција.

    Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во процесот на селекција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично