ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда ПРОМО ФИКС за штедење во денари и во евра за физички лица до 30 ноември 2020 година.
Продолжува трендот на поволни фиксни каматни стапки кои во зависност од рочноста и валутата се движат до 1,75% годишно и важат за сите корисници кои ќе се одлучат за овие промотивни депозити, без разлика дали своите примања ќе ги пренесат во ТТК Банка АД Скопје, со можност за избор на месечен припис или месечна исплата на каматата на трансакциска сметка.
За депозит во денари орочен на 15 месеци, ПРОМО ФИКС нуди фиксна каматна стапка којашто на годишно ниво изнесува 1,25% односно 1,75% за депозит орочен на 25 месеци.
За депозит во евра орочен на 15 месеци, фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 0,75% односно 1,55% годишна фиксна каматна стапка за депозит орочен на 25 месеци и 1,75% годишна фиксна каматна стапка за депозит орочен на 36 месеци.
ТТК Банка АД Скопје нуди можност и за електронско орочување на депозитите преку платформата за електронско банкарство TTK E-bank или преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank. Користејќи ја оваа услуга, корисниците имаат можност брзо, едноставно, без трошоци, да орочат парични депозити.
Повеќе информации за новите ПРОМО ФИКС депозити можат да се најдат на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk, преку апликацијата за мобилното банкарство ТТК M-bank како и во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.
Во секоја, а особено во актуелната ситуација, штедењето е добра и важна одлука за поддршка на финансиската сигурност за нас и нашите најблиски без разлика дали целта е создавање фонд за нешто што ни е важно или зголемување на вредноста на она што веќе го имаме. Следејќи ги барањата и потребите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје постојано го подобрува и проширува квалитетот на понудата што придонесува за зголемување на нивното задоволство.