ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка потсетува: Штедењето е стара добра навика

    Време зa читање: 2 минути

    Финансиските бури во животот доаѓаат ненајавени и неповикани. И како и секогаш, најголем спас се заштедените пари. Затоа штедењето е повеќе од добра навика. И затоа штедењето како услуга и депозитите на нашите клиенти се врвен приоритет во деловната политика на Комерцијална банка АД Скопје.

    Комерцијална банка со гордост го носи епитетот дека е столбот на доверба кај штедачите во земјава, кои 65 години ѝ веруваат и ја градаат својата финансиска иднина и сигурност. По повод одбележување на Октомври како месец на штедењето, Комерцијална банка уште еднаш ги потсетува граѓаните зошто штедењето пари е една од најдобрите финансиски навики што може да ги стекнете. Штедењето е важно бидејќи, освен што ви носи принос од камата, ви помага во услови кога итно ви требаат финансиски средства. Ви помага да покриете некои поголеми трошења, да избегнете долгови, да го намалите финансискиот стрес и, пред сè, ви дава чувство на финансиска слобода.

    Во Комерцијална банка може да изберете повеќе видови на штедење, во денари или во девизи, при што за секоја валута е понудена различна каматна стапка. Секако, имате избор да штедите по видување, да го орочите вашиот штеден влог 1, 3, 6, 12, 24 месеци или повеќе и каматата да ви се исплаќа на крајот од рокот на орочување или месечно, на датумот на првата уплата.

    Изборот и одлуката се ваши, a наши се обврската и одговорноста да бидеме ваш партнер и поддршка во градењето стабилна финансиска иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично