ПОВЕЌЕ

    ССМ со апел до Владата: Итно да се укинат процедурите за поставување фотоволтаици, компаниите да можат и сами да произведуваат струја!

    Време зa читање: 2 минути

    Домашните стопанственици бараат од Владата итно поедноставување на процедурите за користење на обновлива енергија за производство на струја што ќе му помогне на стопанството кое трпи и допрва ќе трпи силни удари од ценовните шокови предизвикани од поскапувањето на енергенсите на светските пазари. „Имаме аполутно барање веднаш да се укинат комплицираните процедури за добивање на дозволи за инсталирање на обновливи извори. Компаниите можат еден добар дел од своите енергетски потреби самите да ги задоволат доколку им се овозможи самите да произведуваат струја од фотоволтаици“, истакна Трајан Ангелоски, претседател на сојузот на стопанските комори на Македонија.

    Според Ангелоски, сегашните процедури се долготрајни и исцрпувачки, што ги кочи стопанските субјекти да забрзаат со премин на обновливи извори на енергија кога таа им е најпотребна, во услови на постојано покачување на цените на енергенсите. „Во овој момент, во Македонија се потребни од 60 до 90 дена за да ги извадите потребните документи за да почнете сопствено производство на струја од обновливи извори“, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија на денешната прес-конференција.

    Сите ценовни шокови првенствено доаѓат од енергијата, одговори Ангелоски на барањето на новинарите да го искоментира најновиот ценовен удар врз граѓаните. „Навистина нема потреба да имаме толку сложени процедури, каде навистина се губи време по општини за да се добијат градежни дозволи, за разноразни дозволи по институции“, додаде Ангелоски и го истакна примерот дека само во една скопска општина во моментов има околу 40-тина барања за издавање на дозволи за поставување на фотоволтаици.

    „За нас е несфатливо, во услови кога некој субјект може да купи таква опрема, може брзо да ја монтира и да произведува струја, вие да имате процедури кои траат премногу долго, убедливо најдолго од повеќето европски држави, каде со децении успешно се произведува струја од обновливи извори“, рече Ангелоски на прес-конференција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично