Шпаркасе Лизинг е оштествено одговрана компанија, која 15 години донира во различни сегменти, со цел да се обезбеди квалитетот на живот на граѓаните во Македонија.
Со особена чест и задоволство денеска сме тука да направиме еден важен чекор во насока на подобрување на безбедноста и квалитетот на животот во нашата заедница. Како компанија која е длабоко посветена на општествената одговорност и поддршката на локалните заедници, Шпаркасе Лизинг го препозна значењето на соработката меѓу приватниот сектор и јавните институции. Денес, ја продолжуваме таа традиција преку донацијата на противпожарно возило на Општина Кисела Вода.
Знаеме дека секоја општина се соочува со предизвици кои бараат брзи и ефикасни одговори, особено во ситуациите кога е загрозена безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Против пожарното возило кое ќе помогне во спасувањето на животи и намалувањето на штетите во моменти кога секоја секунда е важна. Со оваа донација, се надеваме дека ќе придонесеме кон уште побрза и поефикасна реакција на противпожарните служби во Општина Кисела Вода.Шпаркасе Лизинг отсекогаш имала јасна цел – да биде повеќе од финансиска институција. Наша мисија е да ја поддржиме заедницата во која работиме и живееме, да вложуваме во развојот и подобрувањето на условите за сите граѓани. Овој чин на донација е само еден од многуте начини преку кои нашата компанија ја покажува својата посветеност кон општото добро.Сакам да се заблагодарам на градоначалникот и на тимот од Општина Кисела Вода за нивната посветеност и визија за подобра и побезбедна средина за сите граѓани. Убедени сме дека ова противпожарно возило ќе најде своја суштинска примена и ќе донесе корист на општината во многу години кои следат.
На крајот, би сакал да потенцирам дека и понатаму ќе останеме отворени за соработка и поддршка на вакви и слични иницијативи. Заеднички, можеме да направиме многу повеќе за нашата заедница и нашата иднина- Изјави директорот на Шпаркасе Лизинг Г- дин Марјан Манчев.
Со големо задоволство денес сакам да објавам дека во насока на зголемување на безбедноста на нашите граѓани, со цел да се заштитиме од непредвидливите и разорни последици на пожарите, Општина Кисела Вода успеа да обезбеди противпожарно возило. Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна Бригада. Голема е мојата благодарност до компанијата Шпаркасе Лизинг, која ги препозна нашите намери и како општествено одговорна компанија, покажа исклучителна грижа за безбедноста на нашата заедница, донирајќи ни го ова противпожарно возило. Ваквите партнерства меѓу приватниот сектор, општините и јавните служби се и повеќе од потребни кога за цел имаме подобрување на условите за живот на сите граѓани.
Она што е наш следен чекор, како локална самоуправа е да и’ го понудиме ова возило на Противпожарната Бригада, со цел, таа да може побрзо и ефикасно да реагира и да ги заштити граѓаните, а пред се’ жителите на општина Кисела Вода. Сметам дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира.
Уште еднаш, огромна благодарност до Шпаркасе Лизинг и се надевам дека ова ќе биде само почеток на една успешна соработка од која ќе произлезат и многу други проекти во интерес на нашите жители- Изјави Градноначалникот на Општина Кисела Вода Г-дин Орце Ѓорѓиевски.
ПР Објава