ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе банка на Firestarter 2026: Технологијата и довербата клучни за иднината на банкарството

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе банка е учесник и поддржувач на меѓународната конференција Firestarter 2026, организирана од MACEX. Се работи за еден од регионално најзначајните настани посветени на Customer Experience (CX) и Employee Experience (EX), односно на корисничкото и на искуството на вработените.

    Конференцијата ги обедини експертите и бизнис лидерите околу темите што сè повеќе ја дефинираат конкурентноста на компаниите – дигиталната трансформација, корисничкото искуство и градењето долгорочна доверба во услови на брзи промени.

    Како спонзор, Шпаркасе Банка учествуваше во дискусиите за иднината на банкарскиот сектор, со акцент на балансот меѓу технологијата и човечкиот пристап во односот со клиентите.

    На панел-дискусијата „Бизнис лидери“, свое обраќање имаше Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Банката.

    Таа истакна дека современите клиенти очекуваат брзина, едноставност и достапност, но клучот за лојалност останува човечкиот фактор.

    „Денес технологијата е нешто што се подразбира – клиентите очекуваат брзина, едноставност и достапност во секое време. Но, она што навистина создава доверба и долгорочна лојалност не е само технологијата, туку чувството дека некој навистина ги разбира нивните потреби, предизвици и цели. Иднината на банкарството не е избор помеѓу дигитализацијата и човечкиот пристап, туку нивна заедничка синергија. Затоа веруваме дека технологијата треба да ги поедностави процесите, а луѓето да ја создадат вредноста, советот и довербата што клиентите ќе ја паметат“, нагласи Неданоска.

    Од Банката посочуваат дека преку вакви дискусии се создаваат нови идеи, нови перспективи и нови стандарди за иднината на корисничкото искуство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично