ПОВЕЌЕ

    Шпанија ќе воведе дополнителен данок на енергетските фирми и банки

    Време зa читање: 2 минути

    Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека ќе воведе нов данок за енергетските и банкарските компании во обид да го намали ударот од неодамнешниот скок на цените на енергијата и инфлацијата. Говорејќи во обраќањето пред парламентот, Санчез рече дека планот се очекува да собере до 7 милијарди евра приход во следните две години преку „исклучителни даноци“.

    На нафтените и гасните фирми ќе биде наплаќан данок од дополнителни профити во 2023 и 2024 година, со што на шпанската влада ѝ влегуваат во џеб околу 2 милијарди евра секоја година. Истовремено, новиот данок на финансиските институции изнесува 1,5 милијарди евра за Мадрид во двете години.

    Санчез побара од компаниите во овие сектори да им ги вратат дополнителните корпоративни неочекувани добивки од повисоките цени на своите работници, бидејќи се обидува да им помогне на Шпанците да се справат со наглиот неодамнешен пораст на инфлацијата. Тој го нарече зголемениот раст на потрошувачките цени – кој достигна 37-годишен максимум од 10,2% во јуни – „сериозна болест“ што ги става на ризик најранливите групи.

    Објавата влијаеше на пад акциите на берзата во Мадрид на некои од најголемите шпански кредитори, вклучително и Banco Santander и Caixabank SA. Во минус паднаа и акциите на шпанската енергетска компанија Repsol.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично