ПОВЕЌЕ

    Совети за врвни менаџери на новиот деловен свет

    Време зa читање: 3 минути

    Експертите велат дека нашата стабилност зависи од контролата над нашите денови, како и чувството на припадност, цел и раст, во која било смисла. Многу луѓе овие денови велат дека „стигнале до ѕидот на пандемијата“.

    И тие најмногу зборуваат за работата. Нови предизвици, утврдена рутина на работа од дома, натрупани обврски. 

    Како можете да им помогнете вие како шеф? 

    Благосостојбата на вашите работници е клучна за општото добро на компанијата.

    Психологот Лидија Вудијат, од Австралија, ги советува менаџерите на овој начин, во зависност од видот на проблемот со кој се соочуваат тој и неговите вработени.

    Блумберг пишува дека вознемиреноста кај американските работници се зголемила во последната недела. 16 проценти од нив се соочуваат со ова чувство скоро секој ден, 11 проценти поголемиот дел од времето, 27 проценти од работниците повремено, 27 проценти рекле дека немаат такво чувство, а 19 проценти не се изјасниле.

    Кога „ги исполнуваат“ ваквите чувства, вработените немаат енергија и продуктивност, и се чувствуваат помалку вредно и демотивирано, дури и се осеќаат лути или фрустрирани, вели Вудијат.

    Проблем 1: Првите месеци на пандемија ни го одзедоа темпото на деловно работење, додека размислувавме колку сме немоќни против смртоносниот вирус. Една година подоцна се „занимаваме“ со здодевна рутина.

    Решение: Оставете вработените да донесат што е можно повеќе одлуки. Објаснете им ја целта и задачата, но немојте да им кажувате како да го сторат тоа, дајте им моќ, да ја почувствуваат целта на вашата работа.

    Проблем 2: Кога се изолирани, работниците потешко проценуваат што е „нормално“ и што се очекува од нив. Некои граници во бизнисот станаа помалку видливи уште од пандемијата.

    Решение: Бидете позитивни во разговорот, луѓето сакаат поддршка и ќе ви бидат благодарни ако им помогнете. Престанете со „среќните часови“ на Зум и покажете им на вработените дека го цените нивното слободно време – оставете ги да го поминат како што сакаат.

    Проблем 3: Многу работници даваат се од себе, чувствувајќи се среќни што воопшто имаат работа. Но има и такви кои не се задоволни со тоа, велат некои експерти.

    Решение: Докажете им на вработените дека другите ја ценат нивната работа, на пример, преку воведување на препораки за клиенти. Некои позиции немаат посебна „цел“ и затоа на таквите вработени треба да им се верува и да им се заблагодаруваме.

    Проблем 4: Ако работниците не растат професионално, нивната мотивација и ангажман се намалуваат.

    Решение: Побарајте од вработените да постават тримесечни цели за учење и да разговараат со вас за тоа како да ги исполните. Може и да им значи доколку им дадете некаков онлајн сертификат или диплома.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично