Фото: МИА
Денес во 12 часот, Собранието ќе ја продолжи вчерашната седница на која треба да бидат избрани новите членови на Владата, Нина Ангеловска и Хисен Џемаили за министери, Кирил Колемишевски, Елизабета Наумовска и Неџад Мехмедовиќ за заменици министри. На крајот на седницата ќе се расправа и за изборот на новиот вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, Фадил Бајрами.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата во 22.30 часот.
Поврзано:
Денес Собранието ќе избира двајца министри, заменици министри и вицегувернер