ПОВЕЌЕ

    Денес Собранието ќе избира двајца министри тројца заменици министри и вицегувернер

    Време зa читање: < 1 минутa

    Собранието на Република Северна Македонија денеска на 110-тата седница треба да избере двајца нови министри и тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев. Собранието ќе избира и еден нов вицегувернер што го предложи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

    Нина Ангеловска е предложена за нов министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.
    За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците е предложен Неџад Мехмедовиќ.

    Пратениците на денешната седница треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, за што е предложен Фадил Бајрами.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично