ПОВЕЌЕ

    СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСА: Во Македонија минималната плата изнесува 18.000 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Минималната плата во Македонија и официјално изнесува 18.000 денари. Собранието ги усвои законските измени за покачување на минималецот од 15.200 денари на 18.000. За зголемувањето гласаа пратениците од власта и од опозицијата. Од оваа измена се очекува бенефит да имаат околу 80 000 работници кои работата под оваа сума. Се очекува минималната плата да повлече и скалесто зголемување на платите во многу дејности.

    ДржаваМинимална плата во локална валутаМинимална плата конвертирана во денари
    Македонија18.000 денари18.000
    Србија 30.805 динари17.925
    Бугарија650 лева20.720
    Хрватска   3.750 куни30.695
    Црна Гора450 евра27.740
    Косово130 – 170 евра8.000 -10.475
    Федерација БиХ543 КМ17.106
    Албанија30.000 леки15.193

    Во нашето блиско опкружување, минималната плата во Србија, се пресметува по час, па таа варира од бројот на работните денови. Минималната цена на работниот час во нето износ изнесува 201,22 динари (приближно 110 денари), па јануарската нето-плата е 30.805 динари, или претворено во денари тоа е 17.925 денари. Во Бугарија минимална плата е 650 лева, или 20.720 денари. Минималната нето-плата во Хрватска за 2022 година изнесува 3.750 куни (30.695 денари), што е зголемување за 10,3 отсто во однос на 2021 година и како што пренесоа хрватските медиуми, тоа е првпат,  таа да биде над 50 отсто од просечната плата. Собранието на Црна Гора на крајот од минатата година ги усвои измените и дополнувањата на Законот за работа, според кој минималната заработувачка во земјата од јануари 2022 година се зголеми од 250 на 450 евра (27.740 денари). Во Косовo пак, како што јавува Kosovo-online.com минималната плата за оние до 35 години е 130 евра, а за оние над 35 е 170 евра и овие износи со години не се променети. Во Федерација БиХ, минималната плата од почетокот на годинава изнесува 543 конвертабилни марки. Во Албанија минималната плата е 30.000 леки, или 15.193 денари.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично