ПОВЕЌЕ

    Со „Пуцко петрол“ не управува „кралот“ од Пласница, туку жена

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата „Пуцко петрол“ веќе долги години „плива“ во бизнисот со нафта. Многу често за неа се зборува и како добитник на државни тендери. Нејзин основач е Исмаил Јахоски, кој беше градоначалник на Општина Пласница. Тогаш тој често одговараше на новинарски прашања за тоа дали постои судир на интереси во врска со неговата компанија, добивањето на тендерите и градоначалничката функција. Одговорот беше дека во државава има закони по кои се постапува и сѐ може да се провери. Потоа, тој го предаде бизнисот во рацете на својот син, Асмир Јахоски.

    Но, интересен податок е што како управител на компанијата се јавува БОЖАНКА ГРОЗДАНОВА, за која во јавноста не се знае ништо. Меѓутоа, ако се прeбара ова име на интернет, излегува еден интересен податок, нејзиното име е споменато во Надзорен одбор на ЗК Кичево, заедно со името на Асмир Јахоски.

    Порталот Пари, во време кога во Македонија сѐ поинтензивно се зборува за женско претприемништво, ќе ги објави имињата на 10-те управителки во фирми што оствариле најголема добивка под раководство на жена.

    За почеток, како куриозитет го издвојуваме „Пуцко петрол“, кој под раководство на Божанка Грозданова лани остварил профит од 3,59 милиони евра.

    (Продолжува: Кои се 10-те најмоќни управителки во наши фирми)

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично