ПОВЕЌЕ

    Со профитабилно и сигурно работење Групација Триглав влегува во нов стратешки период

    Време зa читање: 7 минути

    Профитабилност и раст на деловниот обем што ги надминува проекциите забележала Групација Триглав во текот на минатогодишното работење, заокружено со солидни резултати. Зголемена е добивката, која достигнува 131,4 милиони евра во нето-износ. Со таква основа Групацијата влегува во нов стратешки период до 2030 година, во кој треба да се реализираат поставените амбициозни цели.

    Презентираните неревидирани податоци упатуваат на тоа дека биле планирани 1,6 милијарди евра, но остварен е вкупен деловен обем од 1,72 милијарди евра. Велат, добри резултати се прикажани во осигурителниот сектор и во управувањето со средства, а позитивно било влијанието од поволните услови на финансиските пазари, релативно поволните оштетни барања и еднократните настани, особено во сегментот здравје. Оттаму,  деловниот резултат пред оданочување е 159 милиони евра, а комбинираниот количник за неживотно и здравствено осигурување исто така бил подобар од планираниот и изнесувал 93,6%. Затоа, се посочува, во услови на сè уште присутна неизвесност во поглед на идните инфлациски очекувања и заострените пазарни услови, Групација Триглав ја зацврсти својата водечка позиција на осигурителниот пазар и во Словенија и во регионот Адриа. Потврда солидната капитализација, за успешноста и позитивната прогноза е повторно добиената висока кредитна оценка „А“, со унапредена позитивна среднорочна прогноза.

    „Во релативно поволните услови во 2024, споредено со исклучително предизвикувачката 2023 година, остваривме многу добри резултати во сите сегменти на работењето, значително надминувајќи ги плановите. Во 2025 година влегуваме во добра финансиска состојба, што го потврдува и високата кредитна оцена ‘А’, која што доби позитивна среднорочна прогноза од страна на S&P. Во 2025 година, планираме да продолжиме со профитабилно и сигурно работење, а се очекува деловниот обем да надмине 1,8 милијарди евра. Профитабилноста на осигурителниот дел од работењето е прикажана преку комбинираниот количник на неживотно и здравствено осигурување, кој што е на поволно ниво, под 95%. Во 2025 година, планираме деловен резултат пред оданочување меѓу 130 и 150 милиони евра, под претпоставка дека нашето работење ќе продолжи без значајни еднократни настани. Имавме успешна година и со ентузијазам и оптимизам влегуваме во стратешкиот период 2025-2030, во кој што поставивме многу амбициозни цели“, изјави претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар.

    Вкупниот биланс на состојба на Групацијата има 11-процентен раст – на 4.538,3 милиони евра. И вкупната вредност на капиталот е зголемен за исто толкав процент и е на ниво од 989 милиони евра. Останатата сеопфатна добивка е во износ од 6,3 милиони евра, додека во 2023 изнеесувала 34,7 милиони евра. Се наваедува дека нето-повратот на капиталот на Групацијата достигнал поволни 14%.

    Според Урош Иванц, член на Управниот одбор, Групацијата е добро капитализирана, дополнително зајакната со профитабилното работење и со успешното издавање на новата подредена обврзница во 2024 година.

    Исто така, од Групацијата посочуваат дека вкупниот обем на работење е 1,72 милијарди евра, а консолидираната бруто-полисирана премија од осигурување – 1,62 милијарди евра. Зголемувањето на обемот е засовано врз растот на осигурителното покритие на клиентите, бројните мерки во областа на управување со осигурителните ризици, зголемувањето на премиските стапки во минатото и зголемената продажба на осигурување според принципот на слободно движење на услуги (FOS), главно во Полска.

    Конкретно, Групацијата го зголемила уделот на премиите остварени надвор од матичната држава. На словенечкиот пазар изнесувал 56%, на останатите пазари во регионот Адриа постигнат е раст на премиите од 9%, додека на меѓународните пазари – 21%.

    Податоците за евидентираните деловни резултати упатуваат на напредок. Во осигурувањето е достигнат износ од 97,5 милиони евра (-7,1 милион евра претходната година), при што сите три сегменти се бележат добри резултати. Во сегментот неживотно осигурување изнесувал 69,1 милион евра (3,6 милиони евра претходната година), во сегментот живот има зголемување на 19,8 милиони евра (16,7 милиони евра во 2023), а во сегментот здравје – 8,6 милиони евра (-27,4 милиони евра во 2023). Во инвестицискиот дел износост е 49 милиони евра (22,2 милиони евра претходната година). А, во неосигурителната дејност има зголемување на 12,5 милиони евра (претходната година: 5,9 милиони евра).

    Од Групацијата детално наведуваат како се одвивале активностите по деловни сегменти. Во сегментот имот вкупниот обем на работењето пораснал за 11% на 1.304,4 милиони евра, а комбинираниот количник е поволни 940% (во 2023 – 99,7%). Притоа, крајниот резултат пред оданочување е 100,8 милиони евра (14,5 милиони евра во 2023), од кои 69,1 милион евра од осигурување (3,6 милиони евра во 2023), а 32,9 милиони евра од инвестицискиот дел, што е трипати повеќе од 2023.

    Вкупниот обем на работење во сегментот живот е зголемен за 7% на 244,6 милиони евра, а договорната маржа на услугите (CSM) пораснала за 23% на 272,2 милиони евра. „Деловниот резултат на сегментот пред оданочување беше за 60% поголем и изнесуваше 30,3 милиони евра, од кои што 19,8 милиони евра беа остварени во осигурителниот сегмент (16,7 милиони евра претходната година), а 10,5 милиони евра се должат на инвестициски активности (1,9 милиони евра претходната година)“, велат од Групацијата.

    За сегментот здравје се истакнува дека успешното работење делумно било обликувано од ефектите на еднократните настани поврзани со укинувањето на дополнителното здравствено осигурување во Словенија. Лани вкупниот обем на работење овде опаднал на 56,2 милиони евра (223 во 2023), додека износот на пресметаните штети се намалил на 24 милиони евра (226,4 милиони во 2023). Деловниот резултат пред оданочување е 10,3 милиони евра (-31,4 милиони евра во 2023).

    Како многу успешно се нагласува работењето во сегментот управување со средства. Вкупниот обем има раст од 4% на 112,5 милиони евра, при што премиите за доброволно пензиско осигурување се зголемени за 2% на 61 милион евра, а приходите од управување со средствата, односно провизии, за 24% на 49,4 милиони евра. Вредноста на нето-средствата под управување во заедничките фондови и преку индивидуално управување на Групацијата се зголемиле за 33%, односно за 564,5 милиони евра, и достигнале 2,27 милијарди евра. Нето-приливите се 200,9 милиони евра, а ефектот од позитивните услови на пазарите на капитал изнесувал 363,6 милиони евра. Вкупниот деловен резултат пред оданочување е 17,5 милиони евра (19 милиони во 2023

    А, пак, 5,9 милијарди евра на крајот од 2024 биле вкупните средства под управување на Групација Триглав, што претставува исчекор од 21% споредено со годината пред тоа. „Групацијата управува со сопствените средства, средствата на осигурениците кои преземаат инвестициски ризик, како и со средствата од финансиски договори во своите друштва, кои во 2024 година порасна за 15% на 3,9 милијарди евра“, наведуваат од Групацијата.

    Стратешките цели за претходниот период се и реализирани и надминати – работењето на Групација Триглав е профитабилно, сигурно и насочено кон одржливост. Повратот на капиталот ја надмина целта од 10 проценти во 2024 година. Како важен показател за успешноста се посочува задоволството на клиентите и на вработените.

    За стратешките амбиции зацртани до 2030 година, Слапар вели:

    „Во периодот до 2030 година влегуваме со амбициозна стратегија, којашто ја дефиниравме земајќи ги предвид предизвиците и промените во опкружувањето, како и нашите можности. Во нејзината имплементација ќе ја следиме мисијата Градиме побезбедна иднина и во согласност со нашата нова визија, ќе ја зголемиме препознатливоста на Групација Триглав како меѓународна осигурителна и финансиска групација. Нашата амбиција е да ги удвоиме деловните резултати до 2030 година и да се фокусираме на растот на пазарите надвор од Словенија. Во периодот од 2025 до 2030 година, во согласност со нашата дивидендна политика, се стремиме да исплатиме околу 400 милиони евра дивиденди на акционерите, притоа задржувајќи ја целната капитална адекватност и обезбедувајќи соодветни услови за раст и развој. Со фокус на клиентите ќе го продолжиме процесот на дигитализација и ќе ги зајакнеме постојните стратешки пристапи за решавање на променливите барања на клиентите и пазарот. Во нашите редови сакаме да имаме вработени, кои се посветени, кооперативни, претприемнички настроени и поврзани со нашите заеднички вредности“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично