ПОВЕЌЕ

    СО ФИКТИВНО ВРАБОТУВАЊЕ ТРУДНИЦИ ОД ФЗОМ УКРАДЕНИ речиси 600 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Фондот за здравствено осигурување e оштетен за 35.551.472 денари или за речиси 600 илјади евра. Средствата се присвојувани во период од три години преку фиктивно вработување бремени жени. Управата за финансиска полиција реализирала повеќемесечна предистражна постапка под кодно име „Цицач” и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени кривична пријава против повеќемина лица и две фирми. Постои сомнение дека е извршена измама и перење пари и други приноси од казниво дело согласно Кривичниот законик.

    Истрагата покажала дека првопријавениот, во својство на овластен потписник на банкарски сметки на пријавените правни лица, како и овластен потписник на банкарските сметки на повеќе физички лица, заедно со второ и со третопријавениот во својство на управители и сопственици на пријавените правни лица, во период од септември 2020 до октомври 2023 година со лажно прикажување на фактите го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување. Конкретно, то фиктивно вработувале голем број бремени жени, а надоместот исплаќан од Фондот го задржувале за себе. Жените не се појавувале на работните места, а добивале минимална плата. По истекот на законскиот рок осомничените ја зголемувале неколкукратно над минималната и на тој начин направиле измама и кон УЈП.

    Дел од парите исплаќани од Фондот првопријавениот ги присвојувал, а остатокот го пуштал во оптек. Префрлал средства кон банкарските сметки на двете пријавени фирми, како и кон сметката на шестопријавената по основ давање или враќање позајмици. Целта била да се прикрие потеклото на нелегално стекнатите пари, се наведува во соопштението на Финансиската полиција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично