ПОВЕЌЕ

    Со емисија од 41,9 милиони денари ТТК банка ја зајакнува капиталната база

    Време зa читање: < 1 минутa

    ТТК банка ќе ја зголеми основната главнина за над 681 илјада евра. За издавање на петтата емисија долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, одобрение доби од Комисијата за хартии од вредност.

    Банката ќе издаде 41.918 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари за акција. Оттаму и вкупната вредност на емисијата од 41.918.000 денари.

    „Преку зголемувањето на основната главнина со новоиздадените акции, дел од остварената добивка на Банката за 2025 година се распределува во дивиденда во акции сразмерно на постојните акционери на ТТК банка АД Скопје“, наведено е во информацијата на КХВ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично