ПОВЕЌЕ

    Со дигиталното банкарство на Комерцијална банка се штедат и пари и време

    Време зa читање: 2 минути

    Банкарските трансакции се поедноставни со примената на современите и повеќефункционални дигитални услуги и апликации, кои Комерцијална банка ги обезбеди за своите клиенти, со што им останува повеќе време за важни нешта, бидејќи не се принудени работите да ги завршуваат на шалтерите. На овој начин, освен време се заштедуваат и пари, затоа што дигиталните банкарски трансакции се и до 80 отсто поевтини од шалтерските.

    Сето ова е достапно преку Интернет банката, мБанка, KomPay, електронска идентификација преку OneID. А, овозможува располагање со сопствените пари без оглед на времето и местото – 24/7, што веројатно е најголемата предност на мобилното и електронското банкарство и на електронската идентификација.

    Исто така, предност е и тоа што клиентот постојано има увид во состојбата на сметката, може да префрла пари и да плаќа сметки. Освен тоа, онлајн пристапот до голем број производи и услуги на Комерцијална банка го овозможува електронскиот идентитет на корисникот, со кој може да ажурира лични податоци, да активира Интернет банка. Наскоро, пак, ќе може и да отвори платежна сметка и да аплицира за кредит. Притоа, безбедноста е на високо ниво, а е обезбедена со биометриска автентификација за пристап до мБанка или до електронски идентитет OneID на клиентот.

    Можностите на дигиталното банкарство на Комерцијална банка веќе ги ползуваат голем број клиенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично