ПОВЕЌЕ

    Snapchat воведува претплата

    Време зa читање: 2 минути

    Мултимедијалната апликација за инстант-пораки Snapchat спроведува тест за претплата наречен „Snapchat Plus“, кој, според компанијата, на корисниците ќе им овозможи „ран пристап до нови опции и други поволности“. Претставникот на Snap, Лиз Маркман, за The Verge потврди дека е во тек интерното тестирање на Snapchet Plus, новата услуга за претплата за корисниците на оваа мрежа.

    „Возбудени сме поради можноста да споделиме ексклузивни, експериментални карактеристики со нашите претплатници, како и нови функционалности пред официјалното објавување, и на тој начин да дознаеме повеќе за тоа како можеме најдобро да придонесеме за заедницата“, истакна Маркман.

    Цената за Снепчет плус ќе биде 4,59 евра месечно, а ќе има можност за претплата на годишно ниво со попуст. Според протечените слики од екранот и информациите објавени на Твитер од истражувачот на апликацијата Алесандро Палучи, Snap тестира и други функции за Snapchat Plus, вклучително и можноста да означите еден од вашите пријатели како ваш „бр. 1 најдобар пријател“, да ја смените иконата Snapchet и да видите кој повторно ги гледа вашите приказни, пренесува порталот Нова.

    Откако Apple ја воведе функцијата за приватност за рекламите – Прашајте ги апликациите да не следат – со верзија на својот мобилен оперативен систем iOS 14.5, дозволувајќи им на корисниците да го исклучат следењето реклами од апликација до апликација, многу бесплатни апликации беа принудени да ги преиспитаат новите опции за монетизација.

    Snapchet не е единствената социјална мрежа која сака да има корисници со редовни плаќања. Telegram веќе воведе премиум претплата, која ќе биде достапна кон крајот на овој месец, а Twitter ја лансираше својата Blue услуга кон крајот на минатата година.

    Пораките на Snapchat, како оние на Facebook, стандардно не се шифрирани „од крај до крај“(end-to-end), како што се во WhatsApp и Signal. „Од крај до крај“ едноставно значи дека единствените луѓе кои можат да ги читаат податоците се сопствениците на сметката. Наместо тоа, Snapchat гордее со заштита на приватноста со „ефемерни“ пораки, кои се бришат по одреден временски период, како и шифрирање на податоците, иако компанијата задржува клуч.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично