ПОВЕЌЕ

    СКСМ и Институт на овластени ревизори: Предавања за професионално усовршување во осигурувањето

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанската комора и Институтот на овластени ревизори организираат настан за континуирано професионално усовршување, со теми од областа на осигурувањето за овластени ревизори. Настанот ќе се одржи во четврток на 22 јуни како хибриден настан, со физичко присуство во просториите на Комората или со он-лајн присуство преку стриминг – Webex.

    Програмата опфаќа повеќе теми од областа на осигурувањето и тоа – одржливо осигурување и ESG известување, практични аспекти на осигурувањето, како и финансиско известување на друштвата за осигурување и улогата на ревизорите согласно регулаторните барања за финансиско известување и ревизија на друштвата за осигурување.

    Предавачи на настанот се проф. д-р. Климе Попоски од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, катедра за осигурување и претседател на УО на Винер – Виена Иншуренс Груп АД СКОПЈЕ, Ксенија Денчиќ – Михајлов од Универзитетот во Ниш, Економски факултет и Centre for Scientific, Interdisciplinary Risk Management and Sustainability, Ostfalia University of Applied Sciences, Germany, д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при СКСМ и м-р Коста Спасески, генерален советник за стратешко планирање и управување со квалитет, Агенција за супервизија на осигурувањето.

    Заинтересираните за учество на настанот треба да се пријават најдоцна до 19 јуни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично