ПОВЕЌЕ

    СКОПСКИ „ЖИТО ЛУКС“ СЕ ОПОРАВУВА: Прекинат периодот на книжење загуби

    Време зa читање: 2 минути

    Во првата половина од годинава „Жито Лукс“ АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 9.481 илјади денари, односно 155,3 илјади евра. Напредокот е очигледен, особено ако се спореди со минатогодишната загуба од 46.012 илјади денари (754 илјади евра).

    Приходите од продажбата, во овој период се зголемени за три насто. Продажбата на домашниот пазар донела приходи повисоки за пет проценти, додека приходите од продажбата на странски пазар се намалени за 46 отсто во споредба со првото полугодие од минатата година.

    Истоврмено, производните трошоци се 403.563 илјади денари (6,6 милиони евра), што претставува намалување за 12 отсто во споредба со истиот лански период.

    Оперативните трошоци се зголемени за три проценти. Според податоците од компанијата, административните трошоци се зголемени за 10, додека трошоците за продажба и дистрибуција за еден насто во однос на првото полугодие од минатата година.

    Останатите оперативни приходи во износ од 4.134 илјади денари (68 илјади евра) се намалени за 50 отсто.

    Оттаму информираат дека менаџментот ги следи пазарните услови и се обидува да се прилагоди на постојаните промени во локалната и регионалната економија, при што се води сметка за потрошувачите и за континуираното снабдување на пазарот со квалитетни производи.

    Инаку, „Жито Лукс“, која е меѓу најголемите домашни производители на леб и печива, е единствената која во тоа друштво е во минус, кој е поизразен во 2021 и 2022 година. Во тој контекст и најавите дека загубите ќе се покриваат со идните добивки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично